Никогаш не знаеш како ќе излезе ручекот:Купила зелка-а внатре ја чекало изненадување/ФОТО

82

Полјакинка „вселила“ гуштер во својот дом. Животното се сместило во главица зелка која жената ја купила во популарен синџир, пишува Index.hr.

Така мацаклинот незабележано ја поминал касата и влегол во станот, пишува Index.hr.

Кога жената ја распакувала зелката дома, имала што да види. Поради гуштер кој ја изненади, таа го контактираше здружението за заштита на животни од Краков.

„Жената која ја купила зелката нè контактираше за гуштерот и побара помош во оваа необична ситуација“, напишаа тие на Фејсбук и споделија фотографии од животното, кое оттогаш се вселило во нов дом.

Грижата за него ја преземал претседателот на здружението за заштита на животните.

Се покажа дека е ѕиден гуштер, ноќен рептил кој живее главно во Медитеранот и е еден од најголемите видови гуштери во Европа.