Никогаш не е доцна: Индијка научи да чита и пишува на 92 години!/ВИДЕО

106
Јутјуб принтскрин

92-годишна Индијка пред шест месеци за прв пат седнала во училишна клупа и научила да чита и пишува, со што станала пример за другите жени од нејзиното село, јавуваат индиските медиуми.

Салима Кан е родена околу 1931 година, а се омажила кога имала само 14 години. Кога била мала, во нејзиното село немало училиште.

Пред шест месеци, придружувана од сопругата на нејзиниот внук, таа тргна на пат до училиште во Буландшахр, Утар Прадеш и конечно го започна своето образование со осум децении помлади од неа деца.

„Тајмс оф Индија“ пишува дека приказната на Салима Кан привлече внимание откако на социјалните мрежи беше објавено видео од нејзиното броење до 100.