
Емилијано Мартинез, голманот на Аргентина, откри зошто наградата за најдобар голман на СП 2022 ја ставил меѓу нозете.
- Тоа го направив затоа што француските навивачи постојано ме навредуваа и ми свиера. Не сакам кога луѓето се арогантни . Кога е во прашање натпреварот, противникот имаше три удари кон нашиот гол и постигна три погодоци. Сепак, после се што се случи, се заврши како што треба, изјави голманот на Астон Вила.