„Не можеме да наседнеме на тие ср*ња”

163

Очекувано, кој и да даде изјава од Баерн (М) по елиминацијата од Реал (М), ја коментираше контроверзната ситуација кога беше поништен голот на Матијс Де Лихт.

Баерн (М) водеше на „Бернабеу“ до самиот крај на натпреварот. Го имаше финалето на дофат, а потоа се појави Хоселу и со два гола му донесе пресврт на Реал (М) за конечни 2:1.

Баварците длабоко во судиското надополнување се надеваа дека ќе ги вратат работите на вистинскиот пат преку Де Лихт, но судијата Шимон Марчинијак досуди офсајд пред топката да влезе во голот.

Грешката ја направи помошникот на Марчинијак кој не го дочека крајот на акцијата и веднаш го подигна знаменцето, а главниот судија веднаш ја препозна неговата сигнализација.

Спортскиот директор на Баерн (М), Макс Еберл, по натпреварот откри дека Марчинијак им се извинил и ја признал грешката, но дека немаат што да добијат од тоа.

“Тој свиреше, што значи дека ВАР не можеше да интервенира бидејќи тоа се случи пред голот. Судијата рече дека е негова вина. Не можеме да наседнеме на тие ср*ња”.

“Сите го видовме германското финале. Сите освен полските судии. Тој ја призна грешката и се извини, но што да правиме со неговото извинување?”

На теренот меѓу оние кои најмногу протестираа беше и Томас Мулер, кој во свој стил ги коментираше грешките на полските судии.

„Тоа беше луда судиска одлука. Не знам што му помина низ глава“, изјави легендарниот играч на Баерн (М). За жал, ова се случува многу често во Мадрид. Тоа веќе ми се случи во 2017 година кога Кристијано Роналдо постигна два гола од офсајд, но тогаш немаше ВАР“.

И капитенот на Баерн (М), Мануел Нојер, ја коментираше ситуацијата и за Марчинијак изјави дека дозволил атмосферата на „Бернабеу“ да влијае на него.

“На судијата му попречи тоа што суди на Бернабеу. Мора да остане само со себе. Вакво нешто не смее да се случи”, изјави искусниот голман.