Поранешниот женски светски тениски рекет број еден Србинката Ана Ивановиќ, шампионката на Ролан Гарос од 2008 година, вели дека не жали што предвремено се пензионирала. Ивановиќ, која во текот на кариерата извесен период беше првопласирана во светот, се повлече од професионалниот тенис во 2016 година.

После тоа, таа се посвети на сопругот Бастијан Швајнштајгер и децата, а неодамна одговараше на прашања на следбениците на мрежата Х.
Тие ја прашаа и дали сè уште мисли дека одлуката да се пензионира на 29 години била добра.

„Мислам дека тоа беше вистинската одлука во тоа време. Сега имам прекрасно семејство и повремено играм тенис, се разбира“, рече Ивановиќ.

На прашањето која е нејзината најдобра година на ВТА турнејата, таа немаше дилеми.
„Веројатно беше 2008 година. Сепак, ми се допадна и 2014 година. Беше поинаква од 2008 година. Се чувствував позрело и поопуштено на теренот“, одговори Ана.

Таа вели дека форхендот и бил омилен удар, а на прашањето што го дели добар играч од одличен, имала краток одговор.

„Мислам дека тоа е ментална сила, но и дисциплина, упорност и талент што ги имаат големите тенисери“, заклучи Србинката.