Нечуен инцидент во Србија: Шеснаесетгодишник опожари вагон во Белград, ќе одговара кривично

84

Припадници на српското МВР во Белград, во соработка со Одделот за малолетници на Вишото јавно обвинителство во Белград, го расветлија опожарувањето на вагонот на „БГ воз“ што се случи синоќа, на 18 април, во населбата Батајница и против 16-годишникот ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело предизвикување јавна опасност, соопшти српското МВР.

Како што беше соопштено, постои сомнеж дека тој на 17 април заедно со уште едно шеснаесетгодишно момче ги искршил седиштата и стаклата и делови од седиштата фрлиле низ прозорецот во возот на истата линија.

Против двајцата ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело уништување и оштетување туѓ имот.