Неофицијално, во сообраќајката на автопатот Скопје-Тетово има пет жртви, а повеќемина се повредени, објави Канал 5.
На скопските Клиники засега се донесени тројца повредени, од кои двајца потешко, на кичмата и екстремитетите, додека третиот е полесно поврден, потврди за МИА, директорот Илир Хасани.
Неофицијално возачот изгубил контрола над возилото по што автобусот преминал на другата коловозна лента и се превртел на покрив. Не е познато дали е тоа поради влошена здравствена состојба на возачот или пак на возилото му пукнала гума.
Инаку, попладнево околу 17 часот, автобусот на Дурмо Турс излетал од автопатот во провалија и се превртел.
Официјални информации се уште нема за тоа што се случило и дали во сообраќајката има жртви и повредени.
На лице место се упатени и протипожарни екипи да помогнат во извлекување на повредените, а болниците во Скопје се мобилизираат да ги примат повредените.
Несреќата според очевидци, се случила откако автобусот преминал на другата страна од колозовот, ја пробил оградата и се превртел во провалијата.
МВР наскоро најави повеќе информации за несреќата.