Необична несреќа во САД: Со камион ја пробила оградата и висела од мост висок 20 метри/видео

361

Откако се судрила со друго возило, шоферка на камион ја пробилa заштитната ограда и се закачилa на камионот од мост висок повеќе од 20 метри.

Несреќата се случила на мост во Луисвил, САД.

Шоферката на камионот се судрила со друго возило, ударот ја фрлил кон заштитната шина, која попуштила под тежината на камионот.

Кабината и жената во неа останале да висат на мостот висок 23 метри.

По акцијата на спасувачите, таа неповредена е извлечена од кабината, а видеото од спасувањето брзо се прошири на интернет.

Спасувачите со јаже од хеликоптерот се спуштиле кај неа и со помош на скала ја спасиле.

Според Би-Би-Си, спасувањето траело 45 минути.

„Таа се справуваше со себе како шампион“, рече шефот на противпожарната служба Брајан О’Нил, кој ја опиша шоферката како многу мирена за време на операцијата.