Нема да лажам, дојдов само поради Анри

78

Францускиот гигант Монако ја преживува можеби најтешката сезона во својата клупска историја. Само неколку месеци траеше авантурата на Тјери Анри во тренерското столче. Иако беше најавен како спасител, Анри забележа само пет победи на 20 натпревари, и мораше порано од предвиденото да си замине од таборот на “црвено-белите”.

По тешкиот пораз од Стразбур, легендарниот репрезентативец на Франција, се обиде да се ослободи од играчите кои според него го саботирале, но само неколку часа подоцна, Анри прво доби суспензија, а потоа и отказ.

  • Тажни сме поради Тити, а јас сум убеден дека ќе има фантастична тренерска кариера. Ова не беше вистински момент и немаше доволно време за да ги имплементира своите планови, изјави шпанскиот интернационалец Сеск Фабрегас.

Во обидот да го спаси Монако од испаѓање, Анри се одлучи да го ангажира својот поранешен тимски колега Сеск Фабрегас, но нивната дружба траеше само неколку недели.

  • Нема да лажам, Анри беше главната причина поради која дојдов во Монако. Сакаше да играм секој натпревар, секоја минута, додаде Шпанецот.
    Француските медиуми се убедени дека Фабрегас ќе има далеку помала минутажа под водство на новиот тренер на Монако, Леонардо Жардим.