Мало богатство за еден билет

61

Последната шампионска титула во англиската Премиер лига фудбалерите на Ливерпул ја освоија далечната 1990 година. Доколку се погледне моменталната ситуација на табелата, каде “црвените” со натпревар помалку имаат четири бода повеќе од второпласираниот Манчестер Сити, лесно ќе се дојде до заклучок дека Ливерпул има историска шанса да стави крај на шампионскиот пост од 29 години. До крајот на актуелната сезона има уште 15 кола, а четата на Јирген Клоп треба да игра уште против Лестер, Вест Хем, Бурнемаут, Манчестер Ј., Ватфорд, Евертон, Барнли, Фулам, Тотенхем, Саутемптон, Челзи, Кардиф, Хадерсфилд, Њукасл и Вулверхемптон.

Иако до последото коло и до последниот натпревар против Вулверхемптон на “Енфилд” има уште три и пол месеци или 104 дена, најверните фанови веќе водат вистинска војна за драгоцениот билет, кој веќе достигна атрономна цена.

Една од неколкуте мрежи кои имаат право да продаваат билети има на располагање точно 208 билети за сите четири трибини. Во зависност од местото на седење, цената се движи од 1.100 до 5.950 фунти.