Незапаметено пукање во ресторан во Далмација:Застрелал маж во нозете, а потоа мирно ја чекал полицијата

229

Вечерва околу 19:30 часот дошло до пукање во кафуле на улицата Антун Густав Матош во Солин, Далмација.

Од истрели од пиштол е повреден 38-годишен маж. Тој е пренесен во сплитската болница за укажана помош и е во тешка состојба.

Уапсен е маж кој полицијата го доведува во врска со настанот.

Според неофицијални информации до кои дојде „Индекс“, напаѓачот е М.Ј.(38), а ранет е неговиот врсник А.Ж., кој се наоѓа во болница во Сплит.

Мажот А.Ж. е во животна опасност, додека се соопштува дека напаѓачот го застрелал во двете нозе. Пукањето се случило пред кафуле, каде се уште се присутни остатоците од злосторството. Како што пренесува Далматински портал, откако пукал во мажот, насилникот повикал полиција и ги ги чекал службите на местото на инцидентот.