Неверојатно досетлив измамник:Кинез украл 570. 000 евра со помош на вештачка интелигенција

1169
Гуо примил видео повик во април од личност која изгледала и звучела како негов близок пријател.
Но повикувачот, всушност бил измамник кој користел вештачка интелигенција да го промени своето „лице“ и глсзот, се наведува во статијата која во понеделникот ја објави медиски портал поврзан со владата во јужниот град Фуџоу.
Измамникот „се маскирал“ во добриот пријател на Гуо и извршил измам“, се наведува во статијата.
Г.Гуо бил убеден дека тоа е неговиот пријател па изамникот префрлку 4.3 милиони јуани, односно 500.000 евра откако измамникот тврдл дека на друг пријател му се потребни пари да бидат подигнати од банкарската сметка на компанијата за да плати гаранција на јавен тендер.
Измамникот го побарал бројот на личната транакциска сметка на господинот Гуо, а потоа тврдел дека еквивалентна сума е префрлена на таа сметка, испраќајќи му скриншот од екранот на лажниот запис за извршено плаќање.
Без да провери дали ги примил парите, господин Гуо испратил две уплати од сметката на својата компанија во вкупен износ на бараната сума.

Тој ги префрлил парите имајќи целосна доверба во својот пријател дека тој треба да го стави депозитот во текот на процесот на наддавање, се наведува во сооштението на полицијата.

Човекот сфатил дека е измамен дури откако пријателот изразил незнаење за ситуацијата, додаде полицијата, кажувајќи дека ги повратиле повеќето од украдените средства и дека работат на пронаоѓање на остатокот.

Случајот отвори дискусија на социјалните мрежи за Веибо за заканата на приватноста и безбедноста на мрежата, а хаштафот #aAI измани експлодираат низ мрежата