Пензионираната тенисерка Јелена Докиќ, родена 1983 година, во Осијек, и поранешен претставник на Фед купот на Србија и на Австралија, со години се бори со депресијата за која често пишува на социјалните мрежи. Таа го користи и Инстаграм за болни сведоштва од времето како професионална кариера.

Иако татко ѝ е Србин, а мајка ѝ Хрватка, во кариерата играше за нејзината татковина Австралија, некогаш беше одлична тенисерка која освои шест титули, а во 2002 година беше четврта тенисерка во светот. Јелена (40) е попозната по траумите од животот со нејзиниот татко Дамир, кој ја тепал и малтретирал, за тоа што пишувала во својата Автобиографија.

Како гостин во поткаст, Докиќ раскажала потресна приказна за она што го доживеала по поразот во полуфиналето на Вимблдон во 2000 година. Таа рече дека нејзиниот татко Дамир не ѝ дозволил да се врати во хотелот.

  • Кога почнав да играм тенис и кога ја удрив првата топка, татко ми ме претепа, изјави Докиќ. Јас сум полуфиналист на Вимблдон, седам во солзи среде собата на играчите, разговарам на телефон со татко ми, кој ми вели дека сум срам за него и за семејството бидејќи загубив во полуфиналето на Вимблдон“, вели Докиќ, која тогаш имала 17 години и додава: „Не ми дозволи да се вратам во хотелот, туку ми рече да правам што сакам, да спијам на улица. Останав во просториите на Вимблдон, чекав сите да си заминат, се скрив во еден агол од собата на играчите за да преноќам таму. Ме најдоа среде ноќ, бидејќи хигиеничарките ја чистеа собата доцна во ноќта“.