По граничниот премин Табановце кон Србија, системот уан стоп шоп од денеска е пуштен во употреба и на граничниот премин Ќафасан кон Албанија.
Како што изјави премиерот Ковачевски, со овој систем се овозможува побрз проток на граѓаните од двете држави, но и на компаниите кои транспортираат производи на овој граничен премин.
Проектот беше пуштен во употреба од премиерите на Македонија и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама и во присуство на министри, пратеници и директорите на царинските управи.