Најтрофејниот клуб во италијанската Серија А, Јувентус, планира да ангажира нов играч за врска за време во зимскиот преоден рок и истиот треба да пристигне од англиската Премиер лига, открија фудбалските медиуми на „Апенинскиот полуостров“. Истите медиуми шепкулираат дека „старата дама“ подготвува понуда за фудбалерот на Манчестер Сити, Калвин Филипс, за играчот на Арсенал, Томас Парти и за данскиот интернационалец од редовите на Тотенхем, Пјер-Емил Хојберг.