На натпреварот за најдобри вина пристигнаа 130 примероци

74
Околу 130 мостри се пристигнати на меѓународниот натпревар за најквалитетни вина, што го организира Здружението за негување и развој на винска култура, вински туризам и производи од грозје, „Винотек”, во соработка со Вински музеј за регион Тиквеш.
Панче Арсовски од Винотек”, вечерва информираше дека во текот на утрешниот ден, стручни лица ќе ги дегустираат и оценуваат пристигнатите мостри вина. Тој додаде дека се работи за производи од регистрирани производители, мали винарии и домашни индивидуални производители. Примероците вина се натпреваруваат во две категории. Црвени, бели и розе вина од последната реколта и мирни вина, постари од една година.
– Настанот го организираме во пресрет на верскиот празник „Свети Трифун” што се празнува на 14 февруари, а се смета за заштитник на лозарите и винарите. Покровители се градоначалникот и Советот на општината Кавадарци, појасни Арсовски.
Најдобрите производители ќе бидат наградени, наградите ќе бидат доделени на празникот „Свети Трифун”.