Славната манекенка Бела Хадид оваа недела прослави пет месеци трезвеност со забава во Лас Вегас.
„Денес се навршуваат пет месеци без алкохол“, напиша 26-годишната Бела Хадид на својот Инстаграм профил покрај видеото на кое танцува во казино.
Хадид ја затресе кадравата коса и уживаше во забавата со широка насмевка на лицето, а видеото го сподели и на TikTok со натпис „пет месеци без алкохол“.
View this post on Instagram
Фановите ја преплавија со коментари на објавата на TikTok за да ја прослават пресвртницата во животот на познатата манекенка.
„Сите го игнорираат описот на објавата… Бела, толку многу луѓе гледаат на тебе и се горди на тебе што се откажа“, коментира еден од TikTok-ер.
„Ајде да го нормализираме откажувањето“, додаде друг коментатор на TikTok.