Најава за ново намалување на производството на нафта

89

Организацијата ОПЕК плус ќе го намали вкупниот обем на производство на нафта за уште 1,4 милиони барели дневно од 2024 година, односно на 40,46 милиони барели дневно, се вели во официјалното соопштение на организацијата по состанокот одржан во неделата во Виена.

ОПЕК плус веќе го намали производството на нафта до крајот на оваа година за два милиони барели дневно, односно на 41,856 милиони барели дневно. Вкупното намалување на производството ќе биде 1,396 милиони барели дневно.

Според приложената табела, Русија треба да го намали производството во 2024 година на 9,828 милиони барели дневно.

Следниот состанок на шефовите на делегациите на ОПЕК плус ќе се одржи на 26 ноември во Виена.