НАТО вети дека нема да ги заборави Авганистанците кои не беа евакуирани

42

 Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг оцени дека е „неопходно“ аеродромот во Кабул да остане отворен и вети дека нема да ги заборави оние кои се обидуваат да избегаат од режимот на Талибанците во Авганистан по заминувањето на последните американски војници.

„Одржувањето отворен аеродром е од суштинско значење, и за да се обезбеди хуманитарна помош за луѓето во Авганистан и за да се осигураме дека можеме да продолжиме да ги евакуираме луѓето, оние кои сакаат, но не можеа да си заминат“, рече Столтенберг за АФП.

Според него, НАТО е посветен на продолжување на работата за евакуација на Авганистанците.

„Нема да ги заборавиме“, додаде Столтенберг.

Пентагон во понеделникот вечерта објави дека американската војска го напуштила Авганистан.