Наследниците на Берлускони продаваат дел од наследениот имот

194

Петте деца на наследниците на Силвио Берлускони одлучија да продадат дел од имотот што му припаѓаше на поранешниот италијански премиер и медиумски магнат кој почина на 12 јуни 2023 година, објавија денеска локалните медиуми.

Повикувајќи се на добро информиран, неименуван извор, АНСА известува дека наследниците на Берлускони ја одобриле продажбата на Вила Гернето, зграда од 18 век во Лесмо, во покраината.

Монца и Бријанца, каде што покојниот Силвио Берлускони сакаше да основа „универзитет на слободната мисла“.

Семејството, сепак, нема намера да ја продаде вилата Сан Мартино во Аркоро, во близина на Милано, каде што живеел Берускони, тврди овој извор.