НАСА и Пентагон ќе развиваат ракета на нуклеарен погон за патување до Марс

12

Американската вселенска агенција (НАСА) објави дека ќе  соработува со Пентагон за да развие ракета со нуклеарен погон наменета за испраќање на луѓе на Марс.

Директорот на НАСА,  Бил Нелсон истакна дека е склучен договор за партнерство со американската воена истражувачка агенција Дарпа за „развој и тестирање на напредна технологија за термички нуклеарен погон до 2027 година“.

– Со помош на таа технологија, астронаутите би можеле да патуваат до и од Вселената побрзо од кога било досега, наведе Нелсон, додавајќи дека е неопходно да се испратат мисии со екипаж на Марс.

Ракетата на нуклеарен погон би можела да биде три до четири пати поефикасна од ракетата со конвенционално гориво и би го намалила времето на патување до Марс