Хрватскиот ракометар Жељко Муса, кој е познат како специјалист за одбрана кариерата ќе ја продолжи во редовите на ППД Загреб.

Тој по шест години минати во бундеслигашот Магдебург, одлучи да ја промени средината. Оваа сезона ќе ја доигра во Бундеслигата, а на располагање на „плинарите“ ќе им се стави на почетокот од наредната.

Договорот меѓу Муса и ППД Загреб е со важност од две години. Ракометарот потекнува токму од школата на ППД Загреб, а зад себе има богата интернационална кариера. Тој играше за Тримо Требње, Горење Велење, Киелце и Магдебург.