МРТ со соопштение се огласи за случајот со Стојанче Стоилов: Лоцирана е одговорноста, ќе има санкции

81

Македонската Радио Телевизија најви санкции за уредникот на албанската спортска редакција, Мустафа Адеми, кој во директниот пренос од натпреварот од првото коло на Светското првенство во ракомет, во Германија и Данска, меѓу Македонија и Јапонијa, на каналот МТВ 2 не го изговараше името на македонскиот репрезентативец Стојанче Стоилов,  односно за него го користеше терминот „играчот со број пет“.

  • Македонската радио телевизија (МРТ) е јавно претпријатие со единствен систем на управување. Согласно тоа, сакаме да ја известиме јавноста дека ќе се преземат сите законски мерки за санкционирање на однесувањето на некои наши вработени доколку се утврди прекршување на Етичкиот кодекс на МРТ, внатрешните правилници и законите во Република Македонија. За среќа, сѐ уште живееме во држава во која МРТ е едно јавно претпријатие кое ги обединува сите програмски сервиси. Напоменуваме дека сите изјави на вработени на МРТ се нивен личен став, а не став на МРТ како јавен сервис. Нагласуваме дека уредниците на програмските сервиси имаат целосна слобода и автономија во уредувачката политика, но таа секако треба да биде согласно законите и етичките и професионални стандарди. Јавноста набргу ќе биде известена за преземените мерки од овој инцидент. Исто така, апелираме да не се злоупотребува името на МРТ бидејќи во овој случај точно е лоцирана индивидуалната одговорност. Да и посакаме успех на нашата ракометна репрезентација и да се обединиме во нејзините успеси, се вели во соопшетнието од националната ТВ-куќа.

Стоилов на ваквиот однос на уредникот на албансакта спортска редакција изреагира како секј голем спортист. Тој по завршувањето на натпреварот од второто коло со Бахреин, кој Македонија го доби со 28:23, беше прашан во врска со овој настан на што одговори: „Немам коментар, тоа е нивна работа“.

Ваквиот однос кон Стоилов е резултат на неговата реакција за време на церемонијата Спортист на годината на Р. Македонија, кој беше организиран на крајот од минатата година од страна на Агенцијата за млади и спорт. Тогаш  македонскиот репрезентативе демонстративно го напушти настанот заради тоа што дел од добитниците се обраќаа и на албански јазик.

Фото: Екипа.мк