Мотоциклист налета на дух без лице?

1415

Не сме сигурни како да го протолкуваме ова вирално видео, можеби е најдобро да оставиме секој да донесе свои заклучоци, но во видето се гледа како Филипински мотоциклист налетал на дух пред некој ден додека се возел по улиците на Кагајан де Оро околу три часот наутро.

На тој млад возач му истрчала фигура на патот која го потсетувала на невнимателен пешак, но кога се чинеше дека ќе дојде до судир и трагедија, мистериозната појава очигледно исчезнала, а истата била снимена од камерата на кацигата.

Мотоциклистот потоа ѝ се претстави на јавноста како Карл Дагус и пред камерите проговори за своето застрашувачко искуство, нагласувајќи за време на интервјуто дека не бил сам и дека имал придружник на моторот.

И двајцата, рече тој, потоа се свртеле и виделе дека зад нив нема апсолутно никој, па истакнал дека во моментот на судирот се чувствувале како низ нив да тече ладен воздух.

Нагласи и дека е вчудовиден од еден детаљ од видеото, дека налетал на тинејџер без лице!