Морничава закана на социјалните мрежи во БиХ: „Денеска ќе пукам во моето училиште“

64

На социјалната мрежа Инстаграм објавена е закана од едно лице кое напишало дека „денеска ќе пука во своето училиште“ во Босна и Херцеговина.

Станува збор за закана која дошла од адреса во Цазин, а припадниците на МВР на УСК, како што дознава Аваз, веќе го идентификувале лицето со помош на инспекторите на ФУП и одделот за сајбер криминал.

Неофицијално, станува збор за малолетник, поради чиј статус било побарано да се зголеми мерката за безбедност во сите училишта во БиХ.

„Имаме информации дека е објавена заканувачка порака преку социјалните мрежи. Моментално е во процес на истражување, така што во моментов не можеме да дадеме повеќе информации“, изјави за порталот портпаролот на УСК МВР, Але Шиљдедиќ.