Сообраќајна несреќа вечерва на булевар „Србија“:Малолетничка удрена од возило, пренесена е во болница

251

Малолетно девојче е удрено вечерва од возило на булевар „Србија“, кај бензинската станица „Лукоил“, во Општина Аеродром.

Девојчето е пренесена во болница, а екипи на МВР вршат увид на местото на несреќата.

Констатирани се тешки телесни повреди кај малолетничката која вечерва беше удрена со кола кај бензинската пумпа „Лукоил“, на булевар „Србија“ во територијата на Општина Аеродром, дополнително известуваат од Министерството за внатрешни работи.