Младите сакаат да живеат и работат во ЕУ, ќе мора да се размислува за увоз на работна сила, вели Ковачевски

52

Има начин да се спречи иселувањето на младите и нивната потрага по вработувања надвор, смета премиерот Димитар Ковачевски. Тој уште еднаш порача дека зачленувањето во ЕУ е приоритет, но мора да се размислува и за работна сила која ќе доаѓа и ќе се увезува од други држави.

Според Ковачевски, ни смета странци да работат во државава, но не и кога во други држави работат граѓани кои не се родени таму.

-Сите земји од Западен Балкан го делат истиот проблем – младите сакаат да живеат и работат во ЕУ, мал дел во САД и мал дел во Австралија. Најдобриот начин, без да се залажуваме, е државата да стане членка на ЕУ. Тоа го делат сите лидери на земјите од Западен Балкан како факт. Во минатото, кога бевме дел од поширок сојуз на федеративни републики, нашиот стандард беше далеку поголем и од Бугарија и од Романија и од Полска и од Чешка и од Словачка и од Унгарија, и не можело да се замисли некој наш жител да работи таму. Оделе во Германија, да, но не и во источните зермји. Денес и таму одат. Кога се случувало наши граѓани да работат во Хрватска? Никогаш, а сега се случува зашто оваа земја е членка на ЕУ и нејзините придобивки се 33 отсто поголем број фирми, 28 проценти поголемо ниво на странски инвестиции во првите пет години, 80 – 90 отсто поголем БДП, двојно и тројно зголемени плати, како и повеќе работни места. Решението е земјава да стане членка на ЕУ, подвлече Ковачевски.