Членовите на клуб за Младински активизам изработија 10-метарско платно и на денешната акција ќе испратат порака за подигање на свеста против врсничкото насилство. Темата била мапирана како најголем проблем и предизвик меѓу младите во Струга, по спроведената онлајн кампања.
– Младите ќе работат на уметничка инсталација, која ќе има за цел да ја шири пораката против врсничкото насилство и да промовира мир и толеранција помеѓу младите. Инсталацијата ќе биде поставена на Дрвениот мост во Струга – изјави Лука Плушкоски, предавач во клубот.
Предавачот Тамара Трајческа истакна дека Клубот на активизам е место каде младите на креативен начин покренуваат иницијатива, започнуваат со работење на промена за подобро утре, за себе и за својата средина
– Нашиот клуб е место каде што се создаваат нови пријателства. Заедно можеме да создадеме околина каде секој човек се почитува и цени. Нека нашата акција биде прв чекор кон култура на почит и разбирање, каде што секој може да се чувствува безбедно и прифатено – порача Трајческа.