Дома МАКЕДОНИЈА Мицкоски ќе го предводи Републичкиот изборен штаб за следните избори

Мицкоски ќе го предводи Републичкиот изборен штаб за следните избори

49
Фото:ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за формирање на Републички изборен штаб за следните избори којшто ќе го предводи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а негов заменик ќе биде генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоргија Сајкоски, информира потпретседателот на партијата Александар Николоски.

Оваа седница на Извршниот комитет доаѓа по лидерската средба на која што беа утврдени датумите за споени претседателски и парламентарни избори, 24 април и 8 мај.

„Споените избори беа и наше барање затоа што тоа е логичен слет на работите особено што на тој начин се намалуваат и трошоците за одржувањето на истите, исто така се скратува времето во кое што економијата ќе е замрзната, и граѓаните ќе можат во еден изборен циклус да одлучат и за избор на влада и премиер и за претседател.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за формирање на Републички изборен штаб кој ќе го предводи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а негова заменик ќе биде генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски“, соопшти Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно, појасни тој,  почнале и подготовките за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија, при што изборот ќе се одржи на Изборна Конвенција која ќе се случи на 2 март 2024 година во Скопје.