Ракометарите на Алкалоид ја запишаа првата историска победа во Европската лига на ЕХФ! Македонскиот вицепрвак ја доби драмата со шпанска Ла Риоха со 28:27 (15:13) и на достоен начин се прости од групната фаза.

Во СЦ „Јане Сандански“ двете екипи имаа свои моменти, а младите момчиња на Кирил Лазаров покажаа карактер во моментите кога се кршеше резултатот и дојдоа до победата.

Најзаслужен за победата на „фармацевтите“ беше средниот бек Марко Митев кој мечот го заврши со десет погодоци, меѓутоа неверојатна партија имаше и младиот голман Иван Галевски кој нанижа 17 интервенции. Кај госитите со осум гола се истакна Јосип Заја.