Мистериозна смрт на Швеѓанка во Косово

178

Дрита Сефер Кичина (40) е пронајдена мртва во Глоговац, Косово. Таа починала под сомнителни околности.

Дошла на Косово пред Нова година, вчера била пронајдена без знаци на живот во бањата. Жртвата живеела сама, а околностите што довеле до нејзината смрт сè уште не се познати.

Полицијата повела истрага по наредба на обвинител и во моментот се работи за сомнителна смрт.

„Нејзината смрт била констатирана од лекар на самото место“, пишува indexonline.