Алармантен пораст на случаи на детска пневмонија е откриен во Холандија, слично на оној во Кина. Холандските експерти велат дека најчесто се работи за деца на возраст од пет до 14 години. Бројките покажуваат дека стапката на болеста, која може да биде опасна по живот, е речиси двојно поголема од врвот забележан минатата година.
Оваа вест доаѓа во исто време кога Кина се бори со сопственото „мистериозно“ зголемување на бројот на случаи на пневмонија, а медиумите пишуваат дека болниците се „преполни со болни деца“, пишува Јутарњи лист.
Снимките кои потсетуваат на сцените од најтемните денови на Ковид покажуваат здравствени работници во заштитни одела, ракавици и маски како прскаат средства за дезинфекција во училиштата, ходниците и на отворени простори.
Here we go again. Isn't this familiar?
Nov 24, Sanhe City, #Hebei Province(河北三河市), #China.
Due to the recent prevalence of diseases such as #Mycoplasma #pneumoniae and other #flu-like illnesses, the Sanhe City Emergency Rescue Center organized personnel to enter school… https://t.co/x4VfZIOU4G pic.twitter.com/IBvro7shAM— Inconvenient Truths by Jennifer Zeng 曾錚真言 (@jenniferzeng97) November 26, 2023
Официјални лица во Пекинг велат дека причината за оваа ситуација не е некој нов вирус, но тврдат дека зголемувањето е резултат на посилниот од вообичаениот бран на сезонски болести бидејќи земјата се соочува со првата зима без ограничувања за коронавирусот.
Холандскиот институт за истражување на научни услуги (НИВЕЛ) соопшти дека од август веќе е забележан зголемен број на пациенти со пневмонија кои го посетуваат својот општ лекар.
Податоците на НИВЕЛ покажуваат дека во неделата што завршува на 16 ноември, на 103 од 100.000 деца на возраст од пет до 14 години им била дијагностицирана пневмонија. На својот врв минатата година, имаше само 58 случаи на 100.000.
Пневмонијата обично е предизвикана од бактериска или вирусна инфекција, а закрепнувањето обично трае две недели. Главните симптоми се кашлица, отежнато дишење и треска.