Поранешниот среден бек на македонската ракометна репрезентација Филип Миркуловски, по крајот на сезоната заминува во пензија. Тој ќе влезе во тренерските води и ќе биде асистент во тимот на бундеслигашот.

-Среќен сум затоа што останувам асистент во Вецлар по крајот на кариерата. Благодарен сум затоа што тимот ми даде шанса да се развивам како тренер. Едвај чекам да соработувам со Матшке. Знам дека е одличен тренер, ќе ми биде чест да го поддржувам. Во следната сезона ќе го имаме еден од најмладите тимови во Бундеслигата. Ќе ми биде чест да го дадам моето искуство. Нашиот состав ветува добра иднина за Вецлар, изјави Миркуловски.

Миркуловски игра за Вецлар од 2015 година, а претходно беше дел од бундеслигашот Хановер каде настапи една година, како и за домашните Металург и Младост Богданци.