Американскиот плејмејкер Камерон Пејн е нов кошаркар на Милвоки. Тој е слободен агент, кој договори едногодишен договор со Бакс и ќе биде замена за Демиен Лилард во нападот.

Пејн минатата година беше член на Феникс санс, што е негова четврта сезона по ред со тимот од Аризона. Тој имаше просек од 10,3 поени и 4,5 асистенции како резервна опција на Крис Пол, со 41,5 проценти шут од поле.

Пејн пристигна во лигата во 2015 година, кога беше драфтуван од Оклахома, а беше и член на Чикаго булс и на Кливленд кавалирс пред да дојде во Феникс. Играше и во првенството на Кина.