Foto: Zvonko KUCELIN/KK Zadar

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ со својот Задар ја освои титулата во хрватското првенство, откако неговиот тим со 3-0 во победи го прегази Сплит во финалната серија. Тој сезоната ја почна токму во МЗТ Скопје, потоа се пресели во романска Тимисоара, за на крај да го облече дресот на Задар, со кој дојде и до титулата.

Интересно е тоа што влезе во историјата како втор Македонец кој освоил титула со овој тим. Претходно, двапати тоа му успеа на Тодор Гечевски и тоа во 2005 и 2008 година, што е и една од причите поради која тој е сметан за една од најголемите легенди на клубот од Хрватска. Мекиќ за време на прогласувањето ги собра сите аплаузи во салата „Крешимир Ќосиќ“, откако се појави во дрес токму на Гечевски, кому му го посвети овој успех.