МВР распиша меѓународна потерница по Љупчо Палевски – се бара за грабнување и убиство

247

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Љупчо Палевски за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец, Панче Жежовски.

Во потерницата пишува дека е роден 12.12.1964 год. во Скопје, а се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и “убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје.