Маск најави забрана за уредите на Епл доколку интегрираат вештачка интелигенција

624

Доколку Епл го интегрира OpenAI на ниво на оперативен систем, тогаш уредите на Apple ќе бидат забранети во моите компании, најави Илон Маск.

„Ако Епл интегрира ВИ на ниво на оперативен систем, тогаш уредите на Apple ќе бидат забранети во моите компании. Тоа е неприфатливо нарушување на безбедноста“, објави Маск на својот X профил.

Претходно истиот ден, Епл објави низа функции за вештачка интелигенција во своите апликации и оперативни платформи и партнерство со „Опен-АИ“ за да ја донесе технологијата Чет-ГПТ на своите уреди.