Марсело сака да остане во Ла Лига

76

Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид, Марсело, откако најави заминување од мадридскиот клуб, ги разгледува опциите за продолжување на кариерата во Шпанија.

Бразилецот смета дека е способен да игра на највисоко ниво, а животот во Шпанија е приоритет на неговото семејство, каде неговиот син игра во академијата на Реал Мадрид.

Триесет и четиригодишниот Бразилец има три опции: Ваљадолид, Хетафе и Рајо Ваљекано, објави „Мундо Депортиво“.

Марсело одигра 545 настапи за Реал Мадрид, постигнувајќи 38 гола и 103 асистенции. Бразилецот беше дел од Реал од 2007 година. Со клубот освои 25 трофеи во Шпанија и во меѓународните натпреварувања.