Кевин Спејси на суд: Тројца мажи тврдат дека актерот сексуално ги злоупотребувал

359

Судот во Лондон денеска му одреди кауција на американскиот актер Кевин Спејси, откако беше обвинет за четири точки за сексуален напад на тројца мажи, јавува Си-Ен-Ен.

Адвокатот на Спејси пред судот изјави дека тој „остро ги негира“ сите обвинувања за ова дело.

Нему му е одобрена безусловна кауција откако неговиот адвокат изјави пред судот дека ќе мора да се врати во САД помеѓу судењата за да работи и да се види со семејството.

Актерот е обвинет за обид за сексуален напад во мај оваа година.

Обвиненијата се однесуваат на два наводни инциденти во Лондон во 2005 година, уште два во 2008 година и уште еден инцидент во Глостершир, западна Англија во 2013 година.

Наводната жртва на инцидентите во 2005 година сега има четириесет години, додека двајцата мажи кои наводно биле вмешани во инцидентите во 2008 и 2013 година сега се на возраст од триесет години, соопшти лондонската Метрополитен полиција.

Минатиот месец, обвинителите го одобрија обвинението против 62-годишниот Спејси, четири точки за сексуален напад врз тројца мажи и уште една точка за поттикнување на лице да изврши сексуален чин без согласност. Обвинителите тврдат дека Спејси принудил маж на орален секс.

Британското Кралско обвинителство ги одобри обвиненијата против Спејси на крајот на мај, но обвиненијата не можеа формално да се применат до понеделник, кога тој престојуваше во Велика Британија.