Манџукиќ се сели во Милано

110

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед доби сериозна конкуренција во италијанскиот калчо гигант Интер кога е во прашање потписот на хрватскиот интернационалец од редовите на Јувентус, Марио Манџукиќ.

Искусниот напаѓач е незадоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона и сака да си замине од Торино веќе во јануари. Од продажбата на поранешниот фудбалер на Динамо (З), Волфсбург, Баерн (М) и Атлетико (М), „старата дама“ очекува заработувачка не помала од 10 мил. евра.