Манекенка сака да ја запре војната во Украина испраќајќи му голи фотографии на Путин/ФОТО

186
Фото: Instagram screenshot

Американската манекенка и актерка Каприс Буре мисли дека може да помогне да се запре војната во Украина со испраќање на голи фотографии до рускиот претседател Владимир Путин.

Откако претходно позираше гола за да ја подигне свеста за Русија и инвазијата на Владимир Путин на Украина, Каприс верува дека голотијата сепак може да игра улога во потенцијалниот крај на конфликтот.

„Претпоставувам дека би можела да му испратам на Путин писмо во кое ќе му ветувам голи фотографии доколку се повлече од Украина“. Ако тоа би ја запрело војната, тогаш би го направила тоа“, му рекла 51-годишната манекенка на Ричард Иден на афтер-забавата за прикажувањето на филмот „The Lair“, пренесува Кликс.

Манекенката претходно објави свои слики на Инстаграм на кои позира гола, и со натпис од пцовка на грбот и градите.

Објавата дојде само неколку дена откако таа ги повика своите следбеници да донираат залихи за помош на бегалците кои избегаа од Украина во март минатата година. Исто така, Каприс сподели фотографии на Инстаграм на кои се гледа како помага на хуманитарна организација во Лондон, која собира основни донации за да ги испрати на оние на кои им е потребна.