„Македонијо, во срце те носиме“ – новинарска дружба во „Дион“ на скопскиот кеј, по повод новиот музички проект од национален интерес

246

Добро познатите македонски патриотски песни (во нов модерен аранжман), како што се: „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“….но и многу други, ќе бидат испеани од голем број македонски музички ѕвезди.                                    

Точно напладне, во вторник (на 6-ти јуни) на кејот на Вардар, во Скопје, (во ресторанот „Дион“) ќе се слушаат ноти од добро познатите македонски патриотски песни (во нов модерен аранжман), како што се: „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“….но и многу други, а кои ќе бидат испеани од голем број македонски музички ѕвезди.

За кои тоа пејачи станува збор, ќе се дознае на утрешниот прес, кој е планиран за претставниците од многубројни медиуми, електронски и печатени.                                А, сето тоа во рамките на новиот музички проект насловен како                        „Македонијо, во срце те носиме“.

Целта на проектот, а кој е всушност музички карван кој ќе гостува во неколку македонски градови – е во овие турбулентни времиња кога често сме негирани како народ кој има своја историја, свои корени, свое творештво, песни во кои се крие вистината на нашата земја, да се возобноват тие најубави македонски патриотски рефрени.

Да им се продолжи уште повеќе векот на траење, да останат такви какви се омилени за пеење не само кај пејачите туку и во самиот македонски народ. И истите да се приближат до срцето, душата и ушите на новите генерации.                                          Дуле Миќиќ