Македонија убедливо поразена од Хрватска

51

Македонската ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз на Светското првенство во Германија и Данска. Во третото коло од Б – Групата, избраниците на селекторот Раул Гонзалез загубија од селекцијата на Хрватска со 31:22.

Македонските ракометари во текот на целиот натпревар бркаа негатива од три – четири гола, а во финишот од натпреварот Гонзалез им даде шанса на помладите играчи по што „коцкестите“ успеаја да направат поголема разлика.

Најефикасен во македонскиот тим беше Дејан Манасков со шест гола, еден повеќе од Кире Лазаров, а Кузмановски, Талески и Пешевски по три пати се запишаа меѓу стрелците. Кај Хрватска најдобар беше Домагој Дувњак со шест гола, а треба да се истакне и дека кај противникот во игра воопшто не влезе Лука Циндриќ.

Утре е слободен ден во групата во Минхен, а Македонија во следното коло в среда ќе се сретне со Шпанија (20.30 часот).