Македонија, сепак, ќе учествува на Песна на Евровизија 2024, ама само на онаа детската, во ноември, во Шпанија  

2981

„Македонската радио-телевизија“, сепак, ќе го одврзе „кесето“ и во ноември оваа година ќе настапи на Песна на Евровизија. Но, да нема забуна, станува збор за детскиот фестивал. За оној големиот, кој се одржува во мај, по сè изгледа, ќе причекаме.

МРТВ, како носител на лиценцата, објави повик за аудиција за интерпретатор што ќе нè претставува на детската Евровизија, која ќе се одржи во ноември, во Мадрид, Шпанија.

– Пријавените кандидати треба да се на возраст меѓу девет и 14 години на денот на финалната манифестација, 16 ноември – пишува во повикот до сите заинтересирани.

Најавено е аудицијата да се одржи на 19 јуни, во Скопје, а пријавувањето е отворено заклучно со 17 јуни оваа година.                                                                              “Сите кандидати треба да се државјани на Република Северна Македонија или да го имаат регулирано престојот во државава“, пишува во објавата од МРТВ.

Македонија, лани, во Франција, каде што се одржа натпреварот, беше претставена од Тамара Грујеска (на сликата) со песната „Кажи ми, кажи ми кој“.