Македонската ракометна репрезентација без ниту една победа во главната фаза ги заврши настапите на Светското првенство во Египет и го дозна својот конечен пласман на овој шампионат.

Македонија се пласира на 23. позиција, од вкупно 32 земји учеснички.

Главна фаза на Мундијалот ја обезбедивме со победата над Чиле, но во следните три натпревари немавме сили за надигрување со Словенија, Русија и Белорусија, па го зазедовме претпоследното место кога би се рангирале селекциите кои настапија само во главната фаза

Зад нас е само дебитантот Уругвај, кој пак втора фаза обезбеди без ниту една победа, откако селекцијата на Зеленорските острови предвреме се повлече од првенство.