Македонија е на само еден чекор до пласман на Европско првенство

122

Македонската фудбалска репрезентација е на чекор до пласман на Европското првенство наредната година, откако вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во рамки на полуфиналето од Лигата на Нации, славеше против Косово со 2:1.

„Црвено – жолтите“ поведоа во 16. минута со автоголот на Кололи, но гостите израмнија 13 минути подоцна пртеку Хадерѓонај. Сепак, кратко траеше радоста на Косово, откако по еден одличен центаршут на Енис Барди, топката во мрежата ја смести Дарко Велковски.

Во вториот дел избраниците на Игор Ангеловски имаа уште неколку инзвонредни шанси за погодок, но не успеаја да ја затресат мрежата на противникот.

Во финалето, кое е закажано за 12 ноевмври, Македонија ќе ги одмери силите на гости против Грузија.

Фото: Петр Стојановски