Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро вчера ги обвини САД дека планираат инвазија врз неговата земја.
– Американската администрација усвои план за инвазија врз Венецуела со помош на тројански коњ и активисти на десничарските сили, кои се предавници, истакна Мадуро во обраќањето до армијата.
Тој додаде дека американските власти продолжуваат со обидите за државен удар во Венецуела.
– Империјата (САД) одлучи да изврши пуч со помош на петтата колона на наша територија, посочи Мадуро.
На 23 јануари претседателот на венецуелскиот Парламент и опозициски лидер Хуан Гуаидо се прогласи себе си за претседател на Венецуела, што Мадуро го оцени како пуч во организацијата на Вашингтон.
Во меѓувреме САД, Канада, Аргентина, Бразил, Чиле, Колумбија, Еквадор и Парагвај, како и дел од земјите-членки на Европска унија го признаа Гуаидо, додека Русија, Боливија, Иран, Куба, Никарагва, Ел Салвадор и Турција го поддржуваат Мадуро.