Лукашенко: Загриженоста за можноста за трета светска војна е оправдана

36

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека загриженоста за можен почеток на Третата светска војна е целосно оправдана, пренесува руската државна прорежимска агенција ТАСС.

„Воената моќ повторно стана главен аргумент на глобалните центри за одлучување. Како никогаш да немало милиони загуби на човечки животи и ужаси за време на Првата и Втората светска војна! Загриженоста за можна трета светска војна е легитимна, има причини за тоа“, рече Лукашенко на средбата со највисоките претставници на националната безбедност, пишува новинската агенција БелТА.

Лукашенко рече дека десетици илјади војници на НАТО и стотици единици воена опрема, авиони и хеликоптери се распоредени во близина на границите на Русија и Белорусија.

„Приближно 32.000 војници од комбинираните контингенти на вооружените сили на НАТО и САД се стационирани во непосредна близина на Белорусија и Русија, како дел од операциите на алијансата во Европа. Тоа се повеќе од 1.000 оклопни единици, околу 160 артилериски системи и минофрлачи. , 235 авиони и хеликоптери“, рече Лукашенко.