Германската ракометна репрезентација добива лоши, кои беа добри за сениорската македонска ракометна репрезентација на нешто повеќе од еден месец пред почетокот на Европското првенство во јануари, наредната година. Германците остнаа без Пол Друкс кој тешко се повреди, а претходно Филип Вебер исто ттака се здоби со повреда ие неизвесен за настапот на континенталниот собир. Двајцата искусни бекови играат на позицијата лев бек и тоа го става Алфред Гисласон пред голем проблем.
Македонија на овој шампионат е во групата со Германија, Франција и Швајцарија. Освен тоа Германците се домаќини на шампионатот, а избраниците на Кирил Лазаров, по воведниот натпревар против Франција (со кој се отвора шампионатот) во второто коло ќе играат со „панцирите“.
Тимот на Вебер, Магдебург објави дека ќе остане без својот искусен 31-годишен лев бек на ИХФ Супер Глоуб, откако се здоби со повреда на воведниот натпревар на турнирот против Калиј Саихат. Тој лошо падна и мораше да биде изнесен од теренот на носилка со преврзано колено.
Сега најдобриот стрелец во Бундеслигата за 2017 година е многу сомнителен за ЕУРО, бидејќи веќе има проблеми со повреди во текот на кариерата и му треба повеќе време да се опорави на 31-годишна возраст. На почетокот на кариерата имаше сериозна повреда на рамото, а подоцна се бореше со проблеми со зглобот и коленото.
„Дури неодамна сфатив колку се важни повредите во мојата работа. Ги прескокнав подготовките на репрезентацијата, бидејќи имав воспаление на рамото по Европското првенство во јануари. За жал, овие воспаленија станаа хронични и не сакам да ми пречат за време на конкуренција“, рече тој во април. во 2022 година.
Вебер се најде на последниот список на репрезентацијата, а играчот кој за Германија има 76 настапи и 172 гола сега е во голем проблем. Играјќи за Магдебург, Вецлар и Лајпциг, тој во досегашната кариера постигна 283 гола, а вкупно има повеќе од 1.000 гола во кариерата.