Лондонската полиција уапсила маж кој со своето возило удрил во оградата на Даунинг стрит

51

Лондонската полиција денеска соопшти дека е уапсен маж кој со своето возило удрил во оградата на Даунинг стрит, официјалната резиденција на британските премиери.

„Автомобил денеска околу 16 часот и 20 минути удри во оградата на Даунинг Стрит. Вооружени полицајци на лице место уапсиле маж поради сомнение дека при опасно возење направил штета“, се вели во соопштението на полицијата.

Се додава дека во инцидентот нема повредени и дека е отворена истрага за да се утврди што точно се случило.

На местото е поставен безбедносен кордон. Оградата е поставена во 1989 година од безбедносни причини.